Mozzart обложувалница
  • Вебсајт
  • Покриеност на игри
  • Понуда за обложување
  • Коефициенти
  • Бонуси
  • Регистрација
  • Уплата на средства
  • Исплата на средства
  • Корисничка поддршка
  • Мобилна апликација
4.8

Резиме

  • Модерен дизајн
  • Обемна понуда
  • Квоти кои не заостануваат зад конкуренцијата
  • Уплата и исплата на средства без провизии
  • Одлични бонуси
  • Мобилна апликација на врвно ниво

Mozzart важи за обложувалница која многу брзо доживеа експанзија и успешно функционира на многу простори ширум светот и е лидер во обложувањето во земјите од Југоисточна Европа.

Општо за Mozzart обложувалница

Mozzart е букмејкер и онлајн казино кое функционира беспрекорно. Обложувалницата потекнува од Србија и е основана во 2001 година. Долгогодишното присуство на пазарот на обложување, преку 1.000 уплатни места на територијата на Југоисточна Европа, вклучително и Македонија, и преку 5.000 вработени кои што секојдневно се грижат за подобрување на услугите за кладилничарите, е најдобар показател за добриот пристап кон своите клиенти.

Mozzart е официјално лиценцирана обложувалница во Македонија, па со оглед на тоа може да кажеме дека ужива голема доверба помеѓу играчите во Северна Македонија.

Како лидер во обложувањето, Моцарт нуди широка понуда за обложување на најразлични спортски и други настани, со околу 250.000 квоти на повеќе од 1.600 настани дневно, кои со сигурност ги задоволува потребите на сите љубители на обложувањето.

Покрај тоа, во секој момент може да се најдат и преку 400 стандарни игри за фудбалските натпревари и над 500 специјални игри за останатите спортови.

Веб сајт на Mozzart

Mozzart Bet континуирано го подобрува својот веб сајт, следејќи ги трендовите за модерен дизајн на веб сајтови, а исто така се подобрува функционалноста во согласност со потребите на корисниците во однос на претходната верзија. Со цел да ви ја доловиме функционалноста на сајтот, ќе ги објасниме неговите карактеристики кои придонесуваат за вашето позитивно искуство од неговото користење.

Mozzart почетна страница
Почетна страна на Mozzart

Навигација и јазици

Кога ќе влезете на сајтот на Mocart кладилницата во левиот горен агол ќе го забележите нивното добро познато лого. Десно од логото се наоѓа секција каде што може да изберете различни опции за обложување, следење на натпреварите, да играте слот игри во онлајн казиното на Mozzart и слично. Најдесно се наоѓа полето за регистрација доколку сте нов корисник или доколку веќе имате профил, без проблеми може да се вклучите.

Веднаш под логото се наоѓаат опциите за избор на јазик, избор на тема на сајтот и каков тип на квоти сакате да ви се прикажуваат на екранот.

Опцијата за избор на јазик на сајтот на Mozzart автоматски се определува според вашата локација, но секако може да се изберат и други јазици доколку имате потреба за тоа. Покрај македонски, сајтот може да го користите и на англиски, германски, српски, албански, хрватски, шпански и фински јазик.

Една од можностите што ја нуди веб страницата на кладилница Моцарт е да изберете каква тема да изберете според вашите потреби. Автоматската поставка на сајтот е да користите темна тема, која што се вклопува со боите на брендот на MozartBet. Друга опција што се нуди е избор на светла тема.

Веднаш до копчето за избор на тема се наоѓа и копчето за избор на квоти. Постојат 3 можности кои може да ги изберете: децимални квоти (на пр. 1.85), англиски квоти (на пр 33/1) и американски квоти (на пр. +950). Автоматската поставка е на децимални квоти.

Избор на јазици, тема и тип на квоти на Mozzart
Навигација и јазици на Mozzart Bet

Покриеност на игри во Mozzart Bet

Слободно може да се каже дека MozzartBet е една од најдобрите онлајн кладилници кога станува збор за покриеност во однос на натпреварите. Покрај популарните спортови Mozart ви нуди и обложување на помалку популарни спортови кај нас како рагби, пинг-понг и сл. Тука е и обложување во Формула 1 и електронски спортови, кои во последно време добиваат на популарност.

Понуда за обложување

Што се однесува до покриеноста на игрите, Mozzart Bet навистина може да се пофали со голем број на опции, па така може да се одигра тикет на буквално се што ќе ви падне на памет.

На почетната страница може да се изберат обложувањата во живо, листа на најиграни натпревари, лото игри, како и игрите на казиното на Mozzart.

Целосната понуда за обложување може да се види кога ќе се кликне на копчето Спорт, кое се наоѓа најгоре на сајтот. Функционалноста на сајтот е висока и само со еден клик нуди преглед на завршените резултати и табелите од натпреварувањата.

Понуда за обложување и опции на Моцарт
Изглед на страницата на понуди за онлајн кладење на Моцарт

Веднаш под полето за избор на јазик можете да изберете одредени критериуми по кои сакате да се обложувате. Можете да изберете да ви се прикажат сите натпревари, натпреварите од денес и наредни 3 дена.

Во секцијата издвоена понуда може да ги изберете натпреварите на кои што другите најмногу се кладат, утакмици од други популарни лиги и спортови и сл.

Една од опциите која што Mozzart ја нуди е листа на лиги и натпреварувања кои што се ваши фаворити за онлајн кладење. Со оваа опција натпреварите се лесно достапни и се олеснува креирањето на тикетот за онлајн кладење.

Под секцијата за издвоена понуда може да се најдат понудите од сите спортови, зависно од потребите на корисник.

Понуда за обложување на Моцарт
Изглед на листата на натпревари и целосна понуда за онлајн обложување на Mozzart

Покрај горенаведените функционалности, Моцарт бет нуди и дополнителни опции за да го лесни онлајн обложувањето. Во полето “Пребарувај понуда” може да се пребаруваат одредени натпревари, лиги или турнири. Исто така, натпреварите може да се подредат и по времето на започнување на натпреварот. Тоа овозможува да бидете фокусирани на почетокот на натпреварот и да не пропуштите можност да се обложите на омилената игра.

Обложување во живо

Покрај стандардниот начин на обложување, односно уплата на утакмиците пред почетокот, MozzartBet ви нуди и обложување во живо. До оваа опција за онлајн кладење може да се пристапи преку почетната страница на три начини:

  1. Директно преку почетната страница;
  2. Со клик на копчето Live, кое се наоѓа најгоре на страницата;
  3. Со клик на копчето Во живо, кое е зелено и се наоѓа на левата страна на почетната страница.
Начини за кладење во живо во Моцарт
Опции за обложување во живо на MozzartBet

Доколку ја изберете првата опција како начин на обложување во живо, од левата страна на екранот ќе видите квоти кои што постојано се менуваат. Од таму може да изберете натпревар на кој сакате да се кладите.

Во случај натпреварот на кој сакате да се кладите во живо го нема на почетната страна, до целосната понуда за обложување на интернет може да пристапите преку другите две опции.

Откако ќе ги изберете било кој од понудените опции, веќе лесно може да се состави тикет и со само неколку клика да се уплати.

Кладење во живо во Моцарт
Изглед на страната за обложување во живо на Mozzart

Процесот на составување на тикет е лесен, се избираат натпреварите кои што сакате да ги уплатите, и во десниот дел од екранот се појавува интерактивна секција. Тука може да ги видите натпреварите кои што се избрани, коефициентите и објаснување на типот кој што сте го избрале.

Откако ќе го составите својот тикет, треба да изберете една од опциите која ја нуди Моцарт во однос на коефициентите. Ова е добра опција за обложување во живо, бидејќи коефициентите се менуваат во реално време. Уплатата на тикетот се врши кога ќе се притисне копчето “Уплати”.

Следење на натпреварите во живо во Mozzart

Како и сите познати светски онлајн обложувалници, Моцарт нуди можност за следење на натпревари во живо. Оваа можност е една од најдобрите кога станува збор за обложувањето во живо, бидејќи ви овозможува визуелно да следите како тече натпреварот и да ја донесете правата одлука за каков тип ќе се одлучите.

Пренос на утакмици во живо во Моцарт
Изглед на пренос во живо

До оваа можност може да се пристапи со кликање на обложување во живо, и на десната страна се појавува прозорец каде што пишува “Пренос во живо”. Од ден во ден Mozzart ја зголемува својата понуда за натпревари кои може да се следат во живо.

Тука има опции да се избере омилениот натпревар, било да е фудбал, кошарка, ракомет, тенис или сл. Откако ќе се избере натпреварот што ќе се следи ќе ве дочека доста интересен графички приказ како на сликата погоре. Преку прозорецот може да се изберат приказ на статистиката на натпреварот, меѓусебен скор, пласман на табелата, и хронологијата на натпреварот.

Користејќи ја оваа опција, брзо може да се одлучи на кој тип сакате да се обложувате на одреден натпревар.

Коефициенти во Моцарт

Секој обложувач сака да оствари што е можно поголема добивка и прави анализи на коефициентите во секоја обложувалница пред да започне со обложување. Коефициентите што ги нуди Моцарт може да се каже дека не отстапуваат многу од нивото на конкуренцијата. Доколку се работи за некој позначајни натпревари може да се најдат добри коефициенти, па вреди да се провери.

Mozzart бонус

Во овој дел Mozzart навистина може да се пофалат, бидејќи секогаш нудат атрактивни бонуси за играчите.

Monday cashback bonus – Кешбек бонус секој понеделник

Секој понеделник Mozzart ве наградува со бонус за вашата лојалност. Mozzart monday cashback bonus е наменет за постоечките корисници на Моцарт и може да се искористи секој понеделник. Единствено нешто што треба да направите е да се логирате во понеделник.

Средствата ќе ви бидат префрлени на вашата сметка, со тоа што може да одлучите како ќе ги распределите, дали ќе уплатите онлајн тикет или ќе играте во онлајн казиното на Mozzart. Максималниот износ на бонусот изнесува 25% и зависи од повеќе фактори, како на пример колку средства се одиграни, времетраењето на играње и сл.

Monday cashback bonus на Mozzart

Битно е да се напомене дека овие средства неможе да бидат исплатени, туку треба да се искористат. Евентуалната добивка се исплаќа на вашата сметка без никакви провизии и ограничувања. Постојат само одредени ограничувања во однос на начинот на кој се употребува бонусот.

Обложувај се без ризик со Mozzart – бонус секој вторник

Играј како шампион и неможеш да изгубиш е мотото на бонусот кој го нуди Mozzart за обложување на интернет секој вторник. Промоцијата е активна до 31 декември 2024 година.

За да го добиете бонусот потребно е на сметката да уплатите 20, 30 или 40 евра во вторник. Потоа треба да се обложите на целосниот износ и натпреварот да заврши до 23:59 во вторник. Доколку го изгубите првиот облог, кладилницата ви го враќа во рок од 72 часа.

бонус во вторник моцарт
Обложувај се без ризик секој вторник во Моцарт

Битна напомена е дека сумата за овој тип на кешбек во Моцарт се смета само првиот депозит од горенаведените. Тоа значи дека доколку првиот депозит изнесува 20 евра, вториот 30 евра, и двата ги изгубите, кладилницата ќе ви врати само 20 евра.

SPORTSBOOK CASHBACK – кешбек за викенд обложувачи

Овај бонус во Моцарт важи само во сабота и недела. За да го добиете треба да уплатите минимум 20 евра во текот на викендот.

За да го искористите овој бонус на секој тикет треба да уплатите минимум 3 натпревари со коефициент не помал од 1.35. Доколку ги исполните овие услови, веднаш ќе добиете 20% на вашите уплати, на секој тикет поединечно, максимум 100 евра.

Sportsbook cashback mozzart
Викенд кешбек во Моцарт

Бонусот не може да се користи за кладење во живо, но не мора да се искористи до крајот на викендот.

БОНУС КВОТИ ВО МОЦАРТ

Станува збор за бонус квоти на одредени натпревари во Моцарт, бонус на обложувалницата кој е достапен секој ден. Со овој бонус на Моцарт вие ќе заработите повеќе пари доколку на вашиот тикет ставите еден пар од понудените натпревари.

Бонус коефициентите на Моцарт може да се остварат доколку тикетот е во рамките на барем една од следните категории:

  • Супер 4+1. За да земете бонус квоти мора да одберете 4 натпревари од регуларната понуда и на крај еден натпревар од понудените со поголем коефициент;
  • Супер 6+1. Во овој случај треба да изберете 6 натпревари од регуларната понуда и еден од понудените со поголем коефициент. Доколку ја изберете понудата Супер 4+1, може да додадете уште еден натпревар со поголеми коефициенти. (добивате 2 натпревари со поголеми коефициенти и еден натпревар од регуларната понуда). Натпреварите со поголеми коефициенти ги ставате на 5-ти и 7-ми на тикетот.
  • Супер 8+1. Истиот принцип како кај бонусот Супер 6+1, каде што може да се изберат 7 натпревари + 1 натпревар со поголем коефициент или да се интегрира ат двата претходни бонуси.
бонус коефициенти моцарт
Остварете поголема добивка со бонус квотите на Моцарт

Доколку вашиот тикет надмине повеќе од 9 натпревари, бонус коефициентите нема да се земат во предвид. Исто така, бонусот на Моцарт обложувалницата може да се користи и при играње на системски тикети. Битна напомена е дека на еден тикет не може да се стави истиот натпревар од регуларната понуда и бонус понуда на Mozzart.

CASH OUT BONUS

Интернет обложувалницата на Mozzart ви нуди и кешаут бонус. Овој тип на бонус од кладилницата може да се оствари доколку се обложувате во живо. Повеќе не морате да чекате да заврши натпреварот за да остварите добитен тикет.

mozzart cash out
Кешаут бонус на Моцарт

Доколку сметате дека натпреварот може да тргне во погрешна насока, а исходот не би бил поволен за вас, токму тоа е опцијата која што ви треба. Со единствен клик на кешаут копчето, Mozzart ќе ви ги префрли средствата од cash out, по износ кој ќе ви го понуди обложувалницата во одреден момент. На вас останува дали да ја прифатите или одбиете понудата.

SUPER MULTI BONUS

Вашата потенцијална добивка може да биде поголема дури за 200%. Единствено нешто што треба да направите е да играте натпревари со коефициент поголем од 1.30 и да одиграте најмалку 4 натпревари.

Како да се регистрирам во Mozzart?

Регистрацијата на Моцарт е многу лесна. Со само 4 чекори добивате профил кој ќе ви овозможи користење на услугите на Mozzart интернет обложувалницата. Доколку сте заинтересирани за најактуелните бонуси при регистрација, може да ги искористите на следниот линк.

  • Чекор 1: Изберете го вашето корисничко име, e-mail со кој сакате да се регистрирате и вашата лозинка. Внесете ја лозинката уште еднаш и одете на копчето “Следната” за да одите на следниот чекор на регистрација.
Прв чекор за регистрација на Mozzart
Прв чекор за регистрација на Моцарт
  • Чекор 2: Пополнете ги задолжителните полиња. Потребно е да го внесете вашето име, презиме, датум на раѓање, градот и улицата на живеење, според вашата лична карта. Поштенскиот број и телефонскиот број не се задолжителни за внес во оваа фаза на регистрација. Кликнете на копчето “Следната” за да продолжите на последниот чекор за регистрација.
Втор чекор за регистрација на Mozzart
Втор чекор за регистрација на Моцарт
  • Трет чекор: Внесете го своето занимање. Единствената валута со која што може да се обложувате во моментов е Евро. Изберете го граничниот период на депозит, односно колку пати може да ставате пари. Постојат, 4 опции: дневно, неделно, месечно и неограничен број на пати. Изберете пол и кликнете на “Регистрирај се”.
Трет чекор за регистрирање на Mozzart
Трет чекор за регистрација на Моцарт
  • Последен чекор: Откако ќе ја завршите регистрацијата, Моцарт ќе ви прати порака со линк за верификација на e-mail-от што е оставен во чекор 1. Откако ќе кликнете на линкот регистрацијата ќе биде готова. Единствено што преостанува е да се логирате, и забавата може да почне.
Доколку сакате да земете бонус како на сликата кликнете на копчето под сликата

Уплата на средства во Mozzart

Уплата на средства во Моцарт онлајн кладилницата се врши електронски и само со неколку клика вашите средства ќе бидат спремни за онлајн обложување и казино игри.

Најдесно на почетната страница ќе забележите зелено копче “Уплати”. Кога ќе кликнете на него ќе ви се појави секција како на сликата подолу.

Уплата на средства во Моцарт
Начини за уплата на пари во Моцарт

За корисниците од Македонија постојат пет начини за уплата на пари за онлајн обложување во Mozzart онлајн кладилницата и тоа:

  • Visa дебитна и кредитна картичка. Минимален износ на уплата е 10 евра, додека максималниот износ е 5.000 евра;
  • Директно преку Skrill. Минимален износ на уплата 10 евра, максималнот износ не е ограничен;
  • Netteler. Минималната уплата е 10 евра, максималната е неограничена;
  • Skrill со дебитна и кредитна картичка. Минималниот износ е 10 евра, максималниот е неограничен. Се што треба да направите е да изберете тип на картичка. Во моментов достапни се: Visa, Mastercard и Visa Electron;
  • Trustly. Минимална уплата 10 евра, максималната е неограничена.

Ниеден од начините за уплата на средства во Mozzart онлајн обложувалница не подлежи на трошоци на обработка на трансакцијата, а парите што се префрлени на вашиот профил ќе ги добиете веднаш, во реално време.

Исплата на средства во Mozzart

Начинот на исплата е исто како и начинот на уплата, односно вашите пари може да си ги добиете на вашата трансакциска сметка.

Единствено што треба да направите е да го верифицирате својот профил и да прикачите копија од вашата лична карта во .png, .jpg или .pdf формат. Фајлот треба да биде до 4MB големина. Откако процедурата ќе биде завршена треба да се почека за потврден маил со што повлекувањето на средствата ќе ви биде достапно во секој момент.

лична карта Моцарт
Прикачување на лична карта во Моцарт онлајн обложувалница

Давањето на вашите лични податоци на Mozzart е апсолутно безбедно и легално и е со цел да се спречат злоупотреби и манипулации со вашиот профил уплатените и исплатените средства.

Корисничка поддршка

Доколку се соочите со проблеми при обложувањето на сајтот на Mozzart, ви стои на располагање корисничка поддршка. Откако ќе се најавите на вашиот профил постојат 2 можности кои ги дава Моцарт за помош на корисниците на сајтот.

Корисничка поддршка на Моцарт
Можности кои ги нуди корисничката поддршка на Моцарт

Ако ја изберете опцијата помош ќе ви се отвори прозорец каде што можете да ги прелистате најчесто поставуваните прашања и одговори за нив. Сеуште, овие прашања и одговори се на англиски јазик, што е една од недостатоците на страната.

Доколку не можете да го пронајдете прашањето и одговорот што ве интересира, може да испратите маил на [email protected], и во најкраток можен рок ќе ви биде одговорено прашањето.

Доколку ја одберете опцијата за разговор, во левиот долен агол ќе ви се отвори прозорче каде што најпрво треба да го внесете вашето име и e-mail-от од вашиот профил за да го започнете разговорот со корисничката поддршка.

Корисничката поддршка е достапна 24/7, но во моментов само на англиски и српски јазик. Ова може да претставува недостаток, но се очекува во иднина да биде достапна и на други јазици.

Помош во Моzzart
Изглед на прозорецот за разговор со корисничката поддршка

Мобилна апликација на Mozzart

Обложувањето преку мобилен телефон на Mozzart е доста едноставно. Може да се користи и пребарувач, како што е Google. Може да се спушти и апликација за вашиот телефон, со што обложувањето станува полесно и попристапно. За само неколку минути ќе може да се обложувате во било кое време, место и на секој напревар што го има на десктоп варијантата на Mozzart Bet.

Било која од опциите за изберете, ќе ве дочека еден навистина интересен и прегледен дизајн на мобилната верзија, што нималку не се разликува од пристапот преку компјутер.

Мобилната апликација е достапна преку Google Play или App Store, во зависност од тоа кој оперативен систем го има вашиот мобилен телефон (Android или iOS).

Андроид верзијата на мобилната апликација бара вашиот смартфон да има минимум верзија од 4.1 од Android оперативниот систем. Апликацијата може да ја спуштите на следниот линк. Следете ги упатствата и вашата аплликација ќе биде спремна за онлајн обложување за само неколку минути.

iOs верзијата на мобилната апликација може да се спушти на App Store на следниот линк. Може да се инсталира на iOS и iPadOS верзија 16.0 и visionOs 1.0 или подоцнежни верзии. Апликацијата функцонира на повеќе јазици, вклучувајќи го и македонскиот јазик.

Заклучок

На крајот на оваа рецензија може да заклучиме дека Mozzart Bet е сериозна интернет обложувалница, која ги задоволува сите аспекти во однос на секој што сака да ја проба среќата во онлајн обложувањето.

Големиот број на спортови и игри кои што се опфатени во понудата, како и одличнот и пристапен дизајн овозможуваат незаборавно искуство во користењето на услугите на Моцарт.