Регистрацијата на некоја од онлајн обложувалниците никогаш не била полесна, поедноставна и побрза

RegistracijaBet365

Регистрација на Bet365

Регистрација
Регистрацијата е доста едноставна и лесна. Најпрво кликнете ТУКА и внесете ги вашите лични податоци. Внимавајте на тоа да бидат точни бидејќи покасно ќе ви треба верификација која доколку имате минимална грешка може да биде невалидна. Избирате [...]
Registracija1xBet

Регистрација на 1xBet

Регистрација
Регистрацијата на овој сајт нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а тоа подразбира дека е лесен процес кој се завршува за исклучително кратко време. Тука ги имате сите опции како да изврште 1xBet [...]
  • Вебсајт
  • Корисничка поддршка
  • Мобилно обложување
  • Бонуси и промоции
4.8

Резиме

Доколку ја барате најдобрата онлајн обложувалница, тогаш Bet365 е вистинското место за вас. Располага со безброј корисни опции за играчите како и богата бонус програма.

Bet365 важи за една од најдобрите онлајн обложувалници. Тие постојат на пазарот за обложување уште од 2000 година, а секојдневно напорно работат за да го задржат статусот на лидери во кладењето.

Општо

Искрено за обложувалницата на Bet365 има да се пишува да многу, а сето тоа се должи на безброј задоволните корисници. Оваа обложувалница ужива висока репутација помеѓу љубителите на онлајн обложувањето, а може да додадеме дека секогаш и знае да ги изненади со најразлични бонуси. Bet365 бонус понудата е најдобра на пазарот, па затоа сите кои сакаат да започнат со онлајн обложување ја прифаќаат оваа кладилница.

Доверба

Кога станува збор за довербата, нема што многу да се кажува за било која обложувалница. Едноставно или е лиценцирана или не е. Многу обложувалници се лиценцирани во помали земји како што се Малта, Кипар, Курасао, но Bet365 поседува англиска лиценца, па тоа дополнително им создава чувство на сигурност на корисниците.

Покриеност

Не постои ниту една замерка за Bet365 кога е во прашање покриеноста на оваа обложувалница. Со самото пристапување вие имате можнсот да се обложувате на нешто повеќе од 30 спортови. Практично тука се најдуваат и многу специјали за обложување, но и политички облози како и специфични спортови.

Вебсајт

Веб сајтот е некоја интересна комбинација од модерно и класично, па затоа ги задоволува критреиумите на класичарите и иновативните. Кога ќе накуцате Bet365 во вашиот пребарувач ве пречекува добредојде страна во зелено сива комбинација која пред се не ви ги „дразне“ вашите очи. Во горниот лев дел е логото на Bet365, додека централниот горен дел е за менито и категориите, а логин и регистрација опциите се во десната страна. Веднаш под нив е и опцијата пребарувај која функционира беспрекорно за разлика од другите обложувалници. На левата страна се претставени сите достапни спортови, а во централниот дел се таканаречените „хит натпревари“ кои се најпопуларни во живо. Веднаш до нив се „хит натпреварите“ кои се уште не се започнати. Промоциите се од десната странан сајтот. Во футерот или во долниот дел ви се претставени правилата, лиценците и многу корисниц информации кои се поврзани со оваа страна.

Bet365 почетна
Bet365 почетна страница

Понуда во Bet365

Во овој дел, поточно во описот за понудата во Bet365 ќе напишеме најпрво за поголемите лиги, поточно топ лигите во фудбалот. На пример во италијанското првенство се достапни повеќе од 120 опции за обложување пред да започне натпреварот и нешто околу 100 опции за обложување во живо. Се разбира дека тука се достапни обложувањата на конечен исход, голови, но и многу специјали. Кога велиме специјали мислиме на вкупно картони, корнери, фаули итн.

Во помалите лиги, поточно послабите фудбалски лиги ширум светот имате достапни околу 60-70 опции за кладење.

Исто со добра обложувачка понуда може Bet365 да се пофали и во другите спортови. Да бидеме искрени, можеби не е како во другите обложувалници каде што има преку 1200 опции, но воглавно ве уверуваме дека нема да се соочите со проблеми околу понудата за обложување.

Коефициенти

За да се биде број еден обложувалница во светот не треба да има ниту една грешка, па тоа важи и за коефициентите. Вредностите на коефициентите се секогаш конкурентни со останатите обложувалници, поточно нема да направите грешка ако за вашите големи суми ја изберете обложувалницата на Bet365. Ако сте „голем“ играч, поточно играч на голема уплата веруваме дека сте сведоци на една вреднсот на дисплејот, а сосема друга вредност на тикет. За среќа, во Bet365 тоа се случува многу ретко. Исто така, при самиот избор на натпреварот имате опција за Max Bet, а тоа значи да ви каже колку можете максимално да ставите пари на тој натпревар.

Корисничка поддршка во Bet365

Корисничката поддршка во Bet365 е максимално стручна и љубезна. Вие се што треба да направите е да изберете еден од начините за комуникација, како што е Live Chat платформата на сајтот, e-mail или телефонски повик. Ние ве советуваме да ја избирате секогаш опцијата на Live Chat бидејќи таму ги добивате најбрзо и најдобро може да се реши вашиот проблем. Исто така сакаме да знаете дека таа корисничка поддршка е достапна 24/7 и може да ја контактирате во било кој дел од денот.

Уплата на средства во Bet365 Македонија

Уплатата на средства е основна работа за секоја обложувалница, а вие како играч треба да внимавате на провизиите. Многу обложувалници земаат провиција за уплата на средства, а тоа за среќа не е случај во Bet365. Во оваа обложувалница во 99.9% случаите уплатите се процесираат веднаш и се без провизија. Постојат повеќе начини на уплата започнувајќи со минимални 5 евра, но ние за вас ќе ги издвоиме само најдобрите и наједноставните.

  • Кредитни и дебитни картички – Visa, Master Card, Maestro Card
  • Eлектронски паричници – Skrill и Neteller
  • Вредносни ваучери – Paysafe card
  • Банкарски трансфери – ( не препорачуваме поради долгиот период на процесирање )
Bet365 уплата
Уплата на средства во Bet365

Исплата на средства од Bet365 Македонија

Исплатата во секоја обложувалница се врши на ист начин како и уплатата. Тоа значи дека депозирате со една картичка и мора на таа истата да ги повлечете средствата. Тоа е строго правило кое максимално се почитува од страна на онлајн букмејкерите. Исплатата исто така е без провизија како и уплатата, а периодот откако ќе направите повлекување до стигнувањето на вашата картичка е од 2 до 5 работни дена.  Начините за повлекување на средства се исто како и за уплатата, но овде за повлекување преку девизна сметка ќе ви бидат наплатени 6 евра.

Bet365 исплата
Исплата на средства во Bet365

Bet365 бонус

Секоја обложувалница нуди најразлични бонус понуди со цел да придобие нови корисници, но многу важно е таа понуда да е добра, да нема високи услови итн. Bet365 бонус понудата е дефинитивно најдобрата на пазарот. Ние тоа го тврдиме бидејќи сме биле сведоци на многу бонус понуди, но оваа понуда ни остава најголем впечаток. Најпрво го спомнуваме добредојде бонусот.

Bet365 бонус за добредојде

Тука вие како нов корисник имате можност да добиете Bet365 бонус од 100% до најмногу 25 евра. Практично депозирате 25 евра, ги играте еднаш и без разлика на исходот вашата сметка ќе биде кредитирана со 25 евра бесплатни средства за обложување. Тие средства може да ги играте на што сакате и добивката остварена со тие пари си ја повлекувате на вашата сметка без никакви услови и задршки итн.

Bet365 бонус – 2 гола предност

Bet365 бонус понудата наречена 2 гола предност е многу корисна. Вие благодарение на оваа понуда имате можност да бидете исплатени веднаш откако вашиот изигран тим ќе заводи со два гола разлика, а притоа не ве интересира конечниот резултат на натпреварот. Оваа понуда важи само за одредени лиги и тоа:

Оваа понуда е валидна за следните лиги:

  • Премиер Лига
  • Чемпионшип
  • Aнглиска Лига 1
  • Англиска Лига 2
  • Англиски ФА Куп
  • Англиски ЕФЛ Куп
  • Шкотска Премиер лига
  • Ла Лига
  • Бундеслига
  • Серија А
  • Франција прва лига
  • Лига на Шампиони
  • Лига Европа
  • АФЦ
  • Копа Либертадорес
  • Копа Судамерикана

Bet365 бонус – Повраток на средства

Овој бонус е идеална прилика за сите љубители на играта полувреме/крај. Практично сите што ќе изиграат натпревар со тип полувреме/крај си ги добиваат уплатените средства ако натпреварот заврши 0-0.

Bet365 бонус – Комбо тикет

Комбо тикет  бонусот се додава на вашата добивка во зависност од натпреварите на вашиот тикет. Колку повеќе натпревари играте, толку повеќе се зголемува вашата добивка. Зголемувањето е по следниот редослед:

  • 3 натпревари – 5% бонус
  • 4 натпревари –  10% бонус
  • 5 натпревари –  10% бонус
  • 6 натпревари –  20% бонус
  • 7 натпревари –  30% бонус
  • 8 натпревари –  40% бонус
  • 9 натпревари –  50% бонус
  • 10 натпревари –  60% бонус
  • 11 натпревари –  70% бонус
  • 12 натпревари –  80% бонус
  • 13 натпревари –  90% бонус
  • 14+ натпревари –  100% бонус

Ова е само дел од актуелната Bet365 бонус понуда и ви напоменуваме дека таа секојдневно се шири и променува.

Опции во Bet365

Оваа онлајн обложувалница располага со многу корисни опции за играчите, па затоа и е дел од секојдневните активности на многу луѓе ширум светот.

Live stream – Гледање во живо на Bet365

Овде имате можност поголем дел од натпреварите да ги гледате во живо, па на тој начин да добиете јасна слика за тоа што се случува на тој натпревар и дали да се обложите во живо или не.

За да пристапите до опицјата Live Stream на Bet365 треба да го притисните копчето In Live кое се наоѓа на летната со опции веднаш под главното мени на страницата. Кога ќе го изберете ова копче ви се отвара прозорец со натпреварот во живо, а исто така имате опции за избор на другите достапни натпревари без разлика дали е фудбал, кошарка безбол итн. За да ги следите сите тие натпревари треба да имате пари на вашата сметка, односно со салдо 0.00 оваа опција не ви е дозволена.

Бројот на настани од година во година се зголемува во Bet365 бидејќи тие купуваат права од различни лиги и првенства.

Cash out функција

Cash out функцијата е достапна на 95% од изиграните тикети без разлика дали се во живо или станува збор за класично обложување. Со оваа опција вие имате можност да ја прифатите понудената сума пред да заврши натпреварот без разлика на конечниот исход на тој дуел. Во пракса тоа би изгледало вака: Имате уплатено 10 евра на 3.5 коефициент и чекате вкупно 35 евра. Откако ќе заводи вашиот тим обложувалницата ви нуди 29 евра, а ваше е да прифатите дали ќе ги земете или не.

Статистика во живо

Најдобрата статистика за онлајн обложување ја имате во Bet365. Во тоа поле сте во тек со натпреварот за вкупно корнери, картони, пенали, минута на гол итн. Исто така имате опција за напади, точни шутови итн.

Bet Builder

Додека сме кај понудата за обложување сакаме да ја спомнеме и опцијата за крирање тикет по желба од еден или повеќе натпревари. Со оваа опција вие можете да изберете повеќе типови и тоа само од еден натпревар. Тоа значи дека може да комбинирате вкупно голови, конечен исход, полувреме/крај, стрелец на гол, тотали (голови, картони, фаулите) итн. Со оваа опција за само неколку типови може да добиете фантастични квоти, а заедно со тоа и големи добивки.

Мобилно обложување во Bet365

Сега кога живееме во еден екстра динамичен период, најважно е обложувањето да ни е достапно секогаш и секаде. Сето тоа се исполнува со мобилното обложување, па затоа е и важно да се работи максимално на мобилните верзии на онлајн обложувалници.

Bet365 ни нуди една фантастична мобилна верзија на нивниот сајт која рака на срце функционира беспрекорно. Имате одличен преглед, а функционирањето на мобилниот е сајт е побрз отколку што може да замислите. Исто така сакаме да спомнеме дека сите опции од десктоп верзијата се достапни и во мобилната верзија, па на тој начин вие без разлика дали сте на работа, во автобус или на одмор имате можност да се кладите преку вашиот мобилен телефон. За тоа ви е потребно само смартфон или таблет и интернет конекција. Процесот на поставување облог е прилично лесен и само со неколку допири вашиот тикет е веќе изигран.

Bet365 мобилно обложување
Мобилна верзија на Bet365

Како да се регистрирам на Bet365

Регистрацијата е доста брза и лесна. Внесете ги вашите лични податоци. Внимавајте на тоа да бидат точни бидејќи покасно ќе ви треба верификација која доколку имате минимална грешка може да биде невалидна.

Избирате држава, а потоа име, презиме, датум на раѓање, е-маил, телефонски број.

Bet365 регистрација
Регистрација на bet365 обложувалница

Веднаш потоа избирате како сакате да ги добивате вашите понуди…

Изберете ги начините кои вам ви одговараат најмногу како е-маил, телефон, пораки на сметката и сл.

Потоа следуваат адресата, градот и поштенскиот код. (Полињата со Optional не се задолжителни и немора да ги пополнувате).

Изберете корисничко име и пасворд, а потоа потврдете го пасвордот.

Four Digit Security Number е тоа што голем дел од корисниците не го сфаќаат сериозно и многу често го забораваат. Овој број треба да го изберете сами и да содржи четири цифри. Тој ќе ви биде за внатрешна употреба, односно кога ќе ги контактирате службите со корисници ќе ви биде побаран овој број.

Bet365 Bet365 регистрација 2
Регистрација на bet365 обложувалница – дополнителни информации

За крај изберете ја временската зона (доколку сте во МКД останува СЕТ), форма на коефициенти (останува децимал) и бонус полето го оставате празно доколку немате бонус код. Кликнувате Join Now и вие веќе сте корисник на Bet365.

Најчесто поставувани прашања за Bet365

Дали исплатата во Bet365 е сигурна?

Исплатата во Bet365 одговорно тврдиме дека ќе ви биде реализирана за 2-5 работни дена откако сте направиле повлекување.

Дали моите податоци се заштитени во Bet365?

Вашите лични податоци, како и податоците од кредитната или дебитната картичка се 100% заштитени и нема да стигнат до трети лица. Поседуваат екстра висока заштита и сертификати за заштита на лични податоци.

Има ли провизија за уплата и исплата?

Во Bet365 во 99.9% од случаите немате провизија ниту за уплата ниту за исплата.

Дали коефициентите се добри во однос на другите онлајн обложувалници?

Коефициентите можеби не се највисоки, но се најсигурни. Велиме така затоа што коефициентот кој ви е прикажан е истиот коефициент кој ќе биде на вашиот тикет, а не намален како на останатите места.

Како да гледам фудбал во живо на Bet365?

Тоа е едноставно. Откако ќе започне натпреварот, изберете го и во десниот дел од мониторот имате опција за Live Stream.

Дали Bet365 нуди бонус?

Bet365 бонус понудата е една од најдобрите на пазарот. Се разбира на прво место го ставаме бонусот за добредојде од 100% до 25 евра.

За колку време повлечените пари ќе ми бидат достапни на мојата картичка?

Вашите пари ќе бидат достапни за 2-5 работни дена.

Колку е минималната уплата на облог во Bet365?

Минималната уплата на тикет без разлика дали е комбо или сингл е 0.20 центи.

Дали мора да имам картичка во евра за да направам депозит на Bet365?

Не. Вие со вашата денарска сметка правите депозит и притоа не губите на курсната разлика, а денарите автоматски се конвертираат во евра, долари итн.

Дали е достапна Bet365 МК верзијата?

За жал, Bet365 нема македонска верзија, туку нуди поддршка на најразлични јазици како англиски, германски, шпански, бугарски итн.

Заклучок за Bet365

Ако го прочитавте овој текст веруваме дека сте и самите свесни зошто Bet365 е лидер на пазарот во оваа сфера. Интересен веб сајт, едноставна уплата и исплата без провизии, одлични квоти и одлични опции за играчите.