Обложувањето е игра во која едната страна го погаѓа исходот на одреден настан, без разлика за каков вид на настан станува збор – дали спортски или некаков друг настан од натпреварувачки карактер.
Поточно спортоското обложување подразбира погодување на спортски настани предложени од приредувачот (обложувалницата), а износот на евентуалната добивка е одредена со висината на коефициентот и износот на влогот.
Тука детално ќе можете да се запознаете со обложувањето, а ние ќе се обидеме да Ви прикажеме што значи обложувањето, какви видови обложувања постојат, на што се може да се обложувате итн.
Колку видови обложување постојат
Постојат два вида на спортско обложување кои се легализирани и тоа:
- Физичко обложување
- Онлајн обложување
Овие два вида на обложување се најмногу застапени ширум светот и се одвиваат помеѓу две страни, односно едната страна е играчот, а другата страна е обложувалницата.
Физичко обложување
Под поимот физичко обложување се подразбира кладење во физички обложувалници, поточно локали кои нудат такви услуги. Овие локации се добро познати на обложувачите во Македонија и ова обложување е сеуште најзастапено во земјата. Станува збор обично за локали од неколку метри квадратни и во нив има физичка понуда (билтен), а истите се опремени со маси и столици за седење, телевизори, шалтери и вработени.
Онлајн обложување
Онлајн обложувањето е застапено во последниве две децении и постојано забележува напредок, постојано има новитети и постојано е развива. Иако постои уште од 1996 година, поголем замав зема после 2000-та година. Тука се подразбира обложување преку електронски уред и интернет конекција. Практично Вие креирате сметка, депозирате пари со картичка и немате никаков физички контакт со обложувалницата. Изборот на натпревари го правите преку компјутер, мобилен телефон, таблет, а се што ви е потребно е само интернет конекција
Постојаното развивање н аовој вид обложување, на играчот му дава безброј можности за обложување и затоа во продолжение ние ќе дадеме посебен осврт на онлајн обложувањето.
Како да започнам со онлајн обложување?
Навидум онлајн обложувањето изгледа сложено, но во пракса работите се поразлично, односно поедноставни. За да се обложувате онлајн не ви требаат никакви посебни вештини, туку се што ви треба е желба. Сега живееме во период каде што сите имаме мобилни телефони, интернет, компјутери, таблети, па онлајн обложувањето воопшто не е комплцирано.
Цел процес е толку едноставен и воопшто не треба да имате знаење за јазици, компјутерско познавање и слично.
Основни чекори за започнување со онлајн обложување
- Креирање и верификација на сметка во избраната обложувалница
- Депозит
Крирањето на сметка и депозитот во било која обложувалница нема да ви одземат повеќе од неколку минутки, а веднаш потоа вие сте спремни за да се стекнете со едно поинакво искуство наречено онлајн кладење.
Листа на најдобри обложувалници за онлајн обложување
Во текстот кој следи, според нашето искуство ќе ви кажеме кои се најдобри обложувалници за онлајн кладење. Накратко ќе ви напишеме што е предност и што е недостаток во истата обложувалница. Се разбира дека во секоја обложувалница што ќе ви ја претставиме подолу се содржани сите горенаведени елементи.
Bet365 обложувалница
Со задоволство и огромна одговорност ви ја претставуваме најдобрата онлајн обложувалница во светот Bet365. Оваа обложувалница располага со беспрекорен вебсајт, стабилност, високи лимити, одлични бонуси за нови и постоечки корисници, одличен мобилен вебсајт, статистики, Bet365 Live Strem сервис, како и квалитетна корисничка поддршка. Со еден збор, „кралот“ на обложувањето се вика Bet365.
1xBET обложувалница
1xBet важи за нова обложувалница која располага со тим кој секојдневно напорно работи со цел да стигне до целта. Има се уште пропусти во смисла на нестабилни квоти, статистики итн, но веруваме дека во најскоро време ќе бидат отстранети. Сите играчи кои сакаат да депонираат средства на помалку познати методи можат да го направат тоа во 1xBet.
22Bet обложувалница
22Bet е кладилница која нуди различни видови на игри. Искрено, ние ја препорачуваме на „коцкари“ кои сакаат возбуда и кладење на малку чудни настани. Располага со одлични квоти, добри бонус понуди за добредојде (можеби и најдобри), а достапна е и на повеќе јазици. Исто така уплатата и исплатата е овозможена на многу начини.
William Hill обложувалница
Традицијата и модерното се комбинирани токму во William Hill. Ова е стара англиска обложувалница која има модерен дизајн на кој нема да останете рамнодушни. Оваа кладилница е наменета за искусни кладилничари кои сакаат да се обложуваат на големи влогови, а притоа да не соочат со проблеми на лимитирани уплати итн.
10Bet обложувалница
10Bet е исто така дел од групата на најдобри обложувалници за онлајн кладење со оглед на тоа што ги содржи сите елементи. Располага со солидни квоти, уплата и исплата без провизија, прифатливи бонуси за нови и постоечки корисници. Исто така мора да напоменеме дека имаат и широк спектар на игри, па овој сајт може да биде комплетно уживање.
Meridianbet обложувалница
Оваа обложувалница може да ја препорачаме, но ќе ве предупредиме и дека има доста недостатоци. Сепак тоа не се огромни „дупки“ во работата, но постојат. Најпрво немаат 24 часовна корисничка поддршка и имаат малку покомплициран вебсајт, но сето тоа го надокнадуваат со одлични квоти како и солидни бонуси и промоции.
Marathon Bet обложувалница
Оваа обложувалница ги содржи сите елементи, но пропуст има во бонусите и промоциите. Овде бонусите се многу ретки или воопшто ги нема, но сепак можете најдете одлични квоти за обложување во живо, па доколку сте љубител на овој вид на кладење, тогаш Marathonbet е вистински избор за вас.
Најдобри бонус понуди за обложување
Бонусот се средства кои ги нудат обложувалницата со цел да ве привлечат вас да станете нивни корисник. Ако сте почетник во оваа сфера ве советуваме да земете бонус бидејќи на тој начин ја зголемувате шансата за добивка. Во продолжение ќе ви ги претставиме најдобрите бонус понуди кои се активни на пазаров во моментов.
Bet365 бонус
Во обложувалницата на Bet365 за почеток се нудат 100% до 25 евра за обложување во форма на бесплатни средства за обложување. Се што треба да направите е да креирате сметка, да направите депозит, а потоа и да го изиграте за да ви се активираат бонус кредитите. Откако кредитите ќе ви се активираат вие со нив можете да направите облог и во случај на добивка, кредитите ви се одземаат, а добивката ви се префрла на главната сметка и е достапна за повлекување.
1xBet бонус
1xBet за почеток за сите нови корисници нудат бонус од 100% до 6000 денари на вашиот прв депозит. Минималната уплата е 50 денари, а максималниот износ на бонусот е 6000 денари. За да го префрлите бонусот на главната сметка треба да направите обрт од 5 пати на износот на бонусот во рамки на комбинациски облози. Секој комбинациски облог мора да содржи 3 настани или повеќе. Барем 3 настани во комбинацискиот облог мора да се со коефициент од 1.40 или повисоко.
22Bet бонус
Обложувалницата на 22Bet ја има дефинитивно највисоката сума на бонус за добредојде. Тие за почеток нудат 100% до 7500 денари за сите нови корисници на нивниот прв депозит. Единствен недостаток е тоа што условите за бонусот мора да се исполнат во наредните седум дена откако ќе биде активиран на вашата сметка. Доколку не го искористите бонусот во предвиедениот временски рок истиот ќе биде поништен.
Meridianbet бонус
Исто како и во другите обложувалници, така и во Meridianbet имате бонус за добредојде. За да бидете квалификувани за оваа понуда мора да направите депозит од најмалку 10 евра. Вредноста на бонусот е 100% до 100 евра на вашата прва уплата. Обртот кој треба да го направите е 4 пати на квота 2.00 и повисоко.
Заклучок
Обложувањето зазема се поголем замав во последниве неколку години. Безброј обложувалници нудат најразлични бонус понуди со цел да ве привлечат вас како нови корисници. За да започнете со обложување не ви требаат некои посебни знаење и вештини, а исто така овој вид на обложување е доста лесен и практичен.