После регистрацијата на еден од сајтовите за обложување, следниот чекор е уплатата на пари на вашата сметка. Доколку сте избрале обложувалница од нашите препораки, тогаш одговорно тврдиме дека вашите податоци и пари се 100% сигурни. Сега ќе го објасниме процесот уплата – исплата.

Најпрво изберете метод за уплата, кредитна картичка, Skrill, банкарски трансфер или слично.

Уплата со кредитни и дебитни картички

Најсоновен метод е кредитна картичка. Тука ги внесувате 16-те предни цифри, датум на важност на картичката и задниот CVV код кој се состои од три бројки. Исто така во многу обложувалници се бара и име и презиме на сопственикот на картичката. Избирате сума за уплата и потврдувате. Парите се на вашата сметка за само неколку секунди.

Skrill-Moneybookers

Ова е интернет сметка (e – wallet), и претставува безбедно, сигурно и централизирано решение за интернет плаќање. Skrill – Moneybookers е наша препорака за работа со онлајн кладење и онлајн кладилниците затоа што нуди добар начин за трансфер. Со оваа сметка може да праќате и примате пари, префрлате на разни сметки и купувате на интернет. За да пратите на некого пари потребно е само да внесите негова е-маил адреса и износ кој сакате да го пратите. А и голем број на кладилници и казина го поддржуваат овај начин.

Исплатите и уплатите на сметка на кладилницата од вашата Skrill сметка е моментален, и не треба да чекате за да се процесира уплатата. Исто така нуди  и опција да имате увид на вкупниот износ на пари кои ги имате без разлика дали се тие распоредени на повеќе сметки на кладилници. Па така вие може да имате сметки во повеќе кладилници да ги споредите коефициентите, бонусите и поволностите и да уплатите. И повеќето кладилници за трансфер на парите не земаат провизија.

Уплатите на Skrill може да ги направите од MasterCard, VISA платежни картички, со банкарски трансфер, па дури и со биткоини. Провизијата за уплата со платежна картичка е околу 1,9 -2,5%, за биткоин 1%. Наша препорака е Skrill сметката да ја отворите во онаа валута во која ќе плаќате во онлајн кладилницата. На тој начин избегнувате конверзија на валутите и трошоци поврзани со тоа.

Neteller

Neteller е сличен на Skrill, исто е многу сигурен и едноставен за употреба. За да пратите на некого пари треба само да внесете износ и е-маил адреса. И скоро сите големи обложувалници го поддржуваат. Уплатата на Netller може да ги направите со MasterCard, VISA платежни картички, банкарски трансфер, па дури и со биткоини. Провизијата за уплата со платежна картичка е околу 1,9 -4.95%, за биткоин 1%.

Предноста над Skrill е тоа што Netller има поголеми лимити, и достапни картички за играчите од ЕУ. Картичките се поврзани со вашата Neteller онлајн сметка со која може да купувате и плаќате во продавници.

EcoPayz

Ова е уште еден од начините кој е сличен како предходните два. Уплатите може да ги направите со VISA платежни картички, банкарски трансфер, PlaySafe и други. Провизијата за уплата со платежна картичка е околу 2,9%, а за банкарски трансфер нема провизија. Трансфер на блиски или роднини е од една на друга EcoPayz сметка е со нула провизија. Ова е одлична затоа што има поддршка и за земји надвор од Европска Унија. Предноста е што парите може да ги чувате дури во 50 различни валути, а може да поседувате и 3 различни EcoPayz сметки.

Банкарски трансфер (wire) трансфер

Ова е уште еден метод за уплата. За да може да направите банкарски трансфер треба да имате отворено девизна сметка. Пред уплатата на страницата на онлајн кладилницата треба да ги запишете нивните податоци, адреса, име, банка, SWIFT код ili ИБАН код. Овие податоци ќе ги добиете кај интернет кладилницата кога ќе изберете банкарски трансфер на уплата. Податоците потребно е да ги предадете во банка и да уплатите.

Онлајн обложување – Исплата

Доколку имате добитен тикет, откако ќе заврши последниот натпревар во истиот момент парите ви се расположливи на вашата обложувачка сметка. Доколку тие пари сакате да ги повлечете, треба да започнете процес за исплата. Најчесто исплатата се врши на истиот начин како што се уплатени парите, а процесот трае од 2-3 работни дена. Откако исплатата ќе биде комплетирана, вие може да појдете на најблискиот банкомат и да си ги подигнете парите.

Како за уплатата, така и за исплатата, провизија немате на вашите пари. Колку што ќе си повлечете, толку ќе си добиете.

Процесот за обложување на интернет е многу едноставен, а исто така и практичен.